
Зимското време и неговите ефекти врз срцето
Клучни аспекти:
- Важноста на секојдневното следење на крвниот притисок во сите сезони, но особено во зима
- Колку студеното време влијае на срцето
- Како да се справиме со ризиците кои студеното време ги носи врз нашето здравје
Почетокот на студеното време е и почеток на пораст на срцевите удари. Ова се должи на начинот на кој студеното време негативно влијае на кардиоваскуларниот систем.Постојат докази, како и бројни студии зошто студеното време ја отежнува работата на срцето.Затоа е особено важно секојдневно следење на крвниот притисок, како и каков уред користите за да го мерите.
Една од причините зошто тоа може да се случи е поради опаѓањето на температурата на нашето тело, посебно кога носиме неправилно изолирана облека. Кога преминуваме од топло на студено и обратно, ова може да биде шок за телото бидејќи отчукувањата на срцето се зголемуваат за да се компензира ниската температура и се обидува да го загрее телото.Ова може да биде исклучително опасно за пациенти кои имаат или се предиспонирани за срцеви или кардиоваскуларни болести.Луѓето кои се погодени од коронарна срцева болест често страдаат од акутни затегнувачки болки во градите кога се изложени на ниски температури.
Главните причини зошто студеното време влијае на срцето
Срцето оди во прекувреемена работа во зимските месеци.Ладното време ја зголемува потребата да пумпа повеќе крв во периферните делови на телото.Ова доведува до зголемување на крвниот притисок што ги зголемува шансите за кардиоваскуларни несреќи. Протокот на крв и кислород во срцето се намалуваат што го става на поголем ризик. Ова се должи на начинот на кој студеното време ги стеснува крвните садови и ги прави артериите и вените потесни.
Зимата доаѓа со значителен недостаток на нивоа на витамини и минерали се меѓу највисоките фактори за ризик на срцев удар, срцева слабост, заболување на периферните артерии и мозочен удар.Ризикот од развој на кардиоваскуларни здраствени состојби како хипертензија и дијабетес е исто така зголемен поради овие недостатоци.
Други фактори на ризик вклучуваат нивоа на холестерол, кои често се мењаваат во текот на постудените месеци, што дополнително ги става луѓето во ризик на кардиоваскуларни состојби.Во зима, повеќето луѓе консумираат повеќе масна и калорична храна и внесуваат поголеми количини на алкохол, што влијае на нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта.Последно, но не и најмалку важно, ниските температури предизвикуваат излачување на големи количини на урина, што резултира со погуста крв, побавен проток на крв и зголемено згрутчување на крвта.
Наглиот пад на температурите ја зголемува” лепливоста “ на еритроцитите и леукоцитите што доведува до зголемување на ризикот од формирање на тромби и блокирање на крвните садови. Ладните зимски температури го зголемуваат ризикот од ангина бидејќи стегањето на крвните садови го нарушува снабдувањето со крв во срцето.Ангината е најчеста форма на коронарна срцева болест, која се чуствува како нагло стегање и стискање во пределот на градниот кош.Ова е уште еден доказ за тоа колку е важно да се контролира нивото на крвниот притисок и состојбата на срцето.
Според различни истражувања, бројот на срцеви удари значително се зголемува на температури од -4 целзиусови степени. Хипертензитивните пациенти и лицата со други хронични болести се особено ранливи. Утврдено е дека срцевите удари се зголемуваат значително кога температурата ќе падне повеќе од 5 степени, без разлика колку претходно било студено.
Зголемувањето на крвниот притисок е уште една главна причина за удвојување на мозочни удари во зима. Високиот крвен притисок ја нарушува циркулацијата на крвта во мозокот и го попречува снабдувањето со кислород, а тоа може да доведе до исхемичен или хеморагичен мозочен удар.
Што да направите за да се борите со овие ризици
Експертите ги советуваат пациентите кои страдаат од кардиоваскуларни проблеми и хипертензија да бидат дополнително внимателни за време на настинки. Главната препорака е редовно да се мери крвниот притосок и да се одржува во нормални граници. За да имате вистинско, соодветно и точно мерење, верувајте на сигурни, квалитетни и докажани уреди. Опсегот на монитори за крвен притисок на Sendo се лесни за употреба и ви овозможуваат клиничка точност дома. Нивните автоматски монитори за крвен притисок иммат специјална технологија HIRA која детектира и анализира аритмија.
Препораките на специјалистите за намалување на ризикот од васкуларни проблеми вклучуваат движење и редовно вежбање за да помогнат во проширувањето на периферните крвни садови и подобрување на циркулацијата.Ако е можно, физичките вежби треба да се прават на собна температура, а не надвор на ладно време, бидејќи повеќето срцеви настани се пријавени во случај кога лицата со хипертензија фрлаат снег со лопата.
Друга препорака е да се ограничи количината и потрошувачката на мрсна храна, особено од животинско потекло.Наместо тоа, секој ден треба да се потрудите редовно да се консумира овошје, зеленчук, како и јаткасти плодови и производи со помалку маснотии, меѓу другите предлози за подобрување на кардиоваскуларното здравје.
Последно но не и најмалку важно, е дехидратацијата и намаленот внес на течности во текот на зимата. Дехидратацијата и намалениот внес на течности го намалуваат волуменот на крв што циркулира во телото, па затоа внесувањето на доволни течности, поволно делува на работата на срцето. Ограничената потрошувачка на кафе и газирани засладени пијалоци и оние кои содржат кофеин го подобруваат васкуларното здравје бидејќи не ги стеснуваат крвните садови. Од особена важност е редовното следење на крвниот притисок, следење на препораките на лекарите за лекување, уживање во животот и продолжување со насмевка.
Оваа статија не е замена за консултација со вашиот матичен лекар или кардиолог, но ви нуди уверување при личното следење на крвниот притисок- се е до технологијата и довербата.