Дали е аритмијата опасна за тебе?

Аритмија

Аритмијата е состојба при која срцето не работи правилно и рамномерно. Оваа состојба се појавува често и начелно нема причина за вознемирување. Сепак факторите кои ја предизвикуваат се многубројни и различни, а некои можат да бидат и опасни. Затоа е важно симптомите на аритмијата да не се занемаруваат туку да бидат следени внимателно и при било какви сомневања да се консултирате со специјалист по кардио васкуларни заболувања.

Видови на аритмија

Основната разлика помеѓу видовите на аритмија може да се направи врз основа на правилното работење на срцето, можно е срцето да работи побрзо од вообичаеното (тахикардија), побавно (брадикардија) со предвремени срцеви контракции или со непостојан ритам односно срцево треперење. Друга разлика може да се направи врз основа на срцевата зона каде што се локализирани промените.Проблемот може да биде предизвикан од срцевите предкомори или комори. Следствено на горе наведеното, овие критериуми ги определуваат видовите на аритмија

  • Атријални екстрасистоли
  • Атријална тахикардија
  • Атријално треперење
  • Атријална фибрилација
  • Екстрасистоли кои доаѓаат од AV јазолот (се наоѓа помеѓу атријата и коморите)
  • Тахикардија од AV јазолот
  • Коморни екстрасистоли
  • Коморна тахикардија
  • Коморна брадикардија
  • Вентрикуларна фибрилација
  • Коморно треперење

Симптоми

Важна информација за аритмијата е дека може да не се појавуваат никакви симптоми за истата. Не се потпирајте на симптомите на аритмијата, туку проверете ја состојбата на срцето со соодветен апарат. Можни симптоми за аритмија се Тахикардија (забрзан пулс, срцебиење), останување без здив, вртоглавица, гадење, палпитации (прескокнување на срцето), замајаност, ненадејно губење на физичка сила, брадикардија (забавен пулс), болка во градите, намалена концентрација, зголемен замор при физички активности, немоќ и постојан замор ,напади.

Фактори на ризик за појава на аритмија

Висок крвен притисок, срцева хипертрофија, коронарна болест на срцето, возраст, злоупотреба на алкохол и наркотици, големи количини на кофеин и преработки од тутун, заболување на крвните садови, дијабетис, прекумерна тежина, подлеженост на постојан стрес, Базедова болест (Хипертириодизам), трауми и операции во пределот на градниот кош, земање на некои лекарства.

Дијагностицирање на аритмијата

Само специјалист по кардиоваскуларни заболувања може да ви каже дали состојбата на Вашето срце го доведува во ризик Вашето здравје. Поради честа безсимптомност на аритмијата, единствен начин да дознаете дали треба да се обратите кај специјалист по кардиоваскуларни заболувања е со соодветен апарат за мерење на крвниот притисок и срцевиот ритам.

Методи

Лабораториска анализа на крвта или урината – со оваа анализа можете да ја испитате крвната слика, состојбата на црниот дроб, бубрезите и штитната жлезда како и нивото на електролитите и другите хемикалии во организмот. Анализа на овие податоци може да направи само специјалист по кардиоваскуларни заболувања. ЕКГ (електрокардиографија) – оваа метода ги отчитува импулсите на електричната активност на срцевиот мускул. ЕхоКГ (ехокардиографија) – прави проверка и проценка на работата на срцевиот мускул с помош на ултразвук. HIRA Технологија (Heartbeat Irregularity Rate Analysis) – го анализира ризикот генериран од промените на срцевиото работење. Тоа е една од основните предности на автоматскиот апарат за мерење на крвен притисок Sendo Advance 3. Се користи лесно, самостојно и во домашни услови.

Научи повеќе!