Какви се апарати за мерење на крвниот притисок може да најдете на пазарот?


Дали дома користите апарат за мерење на крвен притисок? Ако имате проблеми со крвниот притисок или само го чувствувате, апартаот ви е дефинитивно неопходен.
Кога сте во лекарската ординација, специјалистот ги проверува вредностите на крвниот притисок. Но, бидејќи не станува збор за постојана вредност, овие вредности важат само во моментот на мерењето. Сепак, за да добиете подобра претстава за вашата здравствена состојба, на вашиот лекар му требаат подетални информации. Затоа е добра идеја да си обезбедите апарат со кој ќе го мерите нивото на крвниот притисок често и кога е потребно. Постојат многу видови на апарати за мерење на крвниот притисок на пазарот и пред да го направите вашиот избор, важно е да се информирате за различните модели. Можете да ги купите од аптека, преку Интернет или од продавниците за техника.
Како се дијагностицира висок крвен притисок?
Рачни апарати за мерење на крвниот притисок - ова се традиционалните апарати за мерење кои можат да се поделат во три главни групи:
Механички апарати Несомнено, сте виделе таков уред барем еднаш во животот, без оглед дали се користи од возрасен роднина или во лекарската ординација. Тие се состојат од манометар, пумпа, манжетна и стетоскоп. Додека ја притискате пумпата со едната рака, ја следите иглата на манометарот, а со стетоскопот ги слушате звуците што ги прави срцето. Овие уреди се најевтини, но тие исто така можат лесно да се оштетат и да ве залажат со резултатот. Особено со возраста, кога слабее видот и слухот. Полуавтоматски апарати Овие апарати не се толку застапени на пазарот, но сепак се претпочитаат од некои луѓе. Нивната предност е што тие се подостапни од целосно автоматските модели. Кај овие апарати за мерење нема да најдете стетоскоп и манометар, но пумпањето на манжетната повторно е направено од вас. Резултатот се прикажува на мониторот на уредот. Полуавтоматските апарати се лесни за употреба и честопати се избираат за домашна употреба.
Sendo Advance 3 - дигитален мерач на крвен притисок
Автоматски апарати Најсовремени апарати за мерење на крвниот притисок, коишто се целосно дигитални. Тоа се апарати со едно или повеќе копчиња и буквално прават сè за вас. Сè што треба да направите е да ја ставите манжетна на Вашата рака и да го притиснете копчето. За помалку од една минута на екранот, ќе ги видите вашите вредности на крвниот притисок. Овие апарати ги детектираат отчукувањата на срцето, пулсот, аритмијата, складираат десетици мерења во нивната меморија и што е најважно - го елиминираат факторот „човечка грешка“, при што можете да отчитате погрешен резултат, поради нарушен вид и/или слух. Апарати за на зглоб Овие апарати спаѓаат во дигиталните модели, со таа разлика што тие се поставуваат на зглобот, а не на раката – на бицепсот. Нивната генерална предност е што се компактни и можете да ги носите со себе насекаде. Сепак, експертите препорачуваат да не ги користите по 45-годишна возраст, бидејќи со текот на годините крвните садови на зглобот стануваат кревки и можат да бидат оштетени, а со тоа прикажаните вредности - неточни.
Sendo Smart 2 - дигитален мерач на крвен притисок за зглоб
Совети за избор на апарат за мерење на крвен притисок:
- Апаратот за мерење на крвниот притисок, кој што ќе го изберете, треба да биде вистинскиот и удобен модел за вас, а не оној од којшто е задоволен Вашиот пријател / сосед / роднина.
- Уверете се дека манжетната е во точна големина, бидејќи премногу мала / голема манжетна може да влијае на мерењето. Побарајте совет од вашиот лекар или фармацевт за тоа која големина е најсоодветна за вас.
- Нема ништо лошо во тоа да бидеме практични. На пазарот ќе најдете апарати со различни цени, па пред да изберете, добро истражете.
- Размислете и какви додатоци сакате апаратот да има: поголем дисплеј, заштитна кутија, дополнителна манжетна, дали работи со батерии или со адаптер ...
- И на крај, но не и најмалку важно - апаратот треба да биде лесен за употреба. Колку и да се слични уредите, ќе откриете дека секој од нив работи на различен начин. Пробајте неколку, пред да го направите вашиот избор.