
Која е врската помеѓу храната и високиот крвен притисок?


Високиот крвен притисок е болест која е резултат од многу фактори.
Генетските фактори играат голема улога во предизвикување на високиот крвен притисок. Сепак, веднаш по нив, е начинот на живот кој го водиме. Честопати, проблемите со крвниот притисок се резултат на фактори како што се:
- Дебелина и седентарен начин на живот
- Неправилна исхрана
- Лоши навики како пушење цигари и пиење алкохол
Промените во исхраната и вклучувањето на здрава храна и повеќе вежбање значително го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и хипертензија. Ова не само што го намалува нивото на холестерол, туку и веројатноста за појава на прекумерна тежина, а го подобрува функционирањето на срцето и крвните садови.
Меѓутоа, за да се има реален и траен ефект, промените во исхраната мора да бидат константни. Тоа вклучува додавање на одредена храна, како и категорично исклучување на друга храна. Меѓу корисна храна може да се вброи свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, мешунки, а меѓу штетната храна: сите намирници богати со сол и таканаречената нездрава,брза храна.
Подолу ќе разговараме повеќе за двете групи, започнувајќи со…
Храна која треба да се избегнува
Преработено месо и колбаси
Преработеното месо е она кое се чува со употреба на соли, нитрити или други конзерванси. Тука можеме да ги вклучиме повеќето колбаси како што е саламата, како и слични деликатеси како сланина, шунка, филе од мисирка и сл. Долгорочните истражувања покажаа дека најштетното за срцето е преработеното месо. Ова се должи на високите нивоа на сол и конзерванси кои можат да се најдат во него.
Рафинирани и преработени житарки и јаглехидрати
Рафинираната или преработена храна вклучува бел леб, бел ориз, житарки со малку растителни влакна, слатки и шеќери и други преработени јаглехидрати. Зошто се сите овие штетни? Прво, високото ниво на обработка ги отстранува повеќето здрави компоненти во целите зрна, како влакна, минерали и масни киселини.
Второ, преработката ја уништува природната структура на храната. Исто така, додава многу состојки кои не се толку корисни, како што се транс масти, сол и шеќери. Ова не значи дека никогаш не треба да јадете слатки или бел леб - само правете го тоа повремено, не постојано.
Газирани пијалоци и други пијалоци кои содржат високо ниво на шеќер
Пијалоците направени со многу шеќер имаат ист негативен ефект врз нашето срце како рафинираните и преработените јаглехидрати. Истражувањата покажуваат дека нашето тело не знае како да ги пресмета калориите потрошени во течна форма на ист начин како калориите во цврста храна. Затоа, ако додадете газиран пијалок на вашиот ручек, калориите од него се само празни калории. Покрај тоа, треба да се напомене дека овие пијалоци ги зголемуваат шансите за прекумерна тежина.
Sendo Advance 3 - дититален мерач на крвен притисок
Која храна е препорачлива за висок крвен притисок?
Цели зрна и "бавни" јаглехидрати
Многу студии го поврзаа внесот на цели зрна, наместо рафинирани јаглехидрати (бел леб, бел ориз и житарици со малку растителни влакна) со помал ризик од срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар. Се разбира, тие исто така се поврзани со здраво тело и умерена тежина.
Овошје и зеленчук
Меѓу лидерите во борбата против високиот крвен притисок е лукот, познат и како чудотворен лек за кардиоваскуларниот систем. Докажано е дека дневното внесување на едно чешне лук за 12 недели доведува до значително намалување на крвниот притисок.
Другите овошја и зеленчуци се исто така добри за нивото на крвниот притисок. Многу студии покажуваат дека вегетаријанците имаат помала веројатност да развијат хипертензија. Калиумот, кој е содржан во овошјето и зеленчукот, помага во регулирањето на крвниот притисок. Здравите намирници вклучуваат банани, лубеница, компири, домати, портокали, спанаќ, како и соја и бадеми.
Храна богата со калциум
Некои научници тврдат дека овие намирниците богати со калциум го неутрализираат дејството на натриумот кога е вишок. Во оваа група спаѓаат повеќето млечни производи: млеко, сирење, како и листест зеленчук, спанаќ, наут.
Храна богата со растителни влакна
Ова е храна која содржи целулоза. Треба да се забележи дека мора да се избере вистинската храна со целулоза. Се препорачуваат оние намирници кои се растворливи во вода, како што се: овес, јаболко-пектин, гуарана, корен од ѓумбир, семе од фенурек и сл.
Што друго?
Риба, чиј корисен ефект врз вредностите на крвта се должи на омега-3 масните киселини содржани во неа, поточно во скуша, туна, лосос, харинга.
Зачините кои вреди да се потенцираат се ѓумбир, анасон, оригано, црн пипер, босилек, тарагон и од останатите зеленчуци: брокула и моркови.