
10 работи што треба да ги знаеме за аритмијата
Ако неодамна, вам или на некој близок, му е дијагностицирана аритмија, со оваа статија ќе се обидеме да ви помогнеме да ја запознаете подобро, да научите кои се начините како да ја држите под контрола и како да ја лекувате.
Што претставува нормален ритам на срцето?
Ударите на срцето треба да следат нормален ритам и да бидат со фреквенција, соодветна за работата која што телото ја извршува. Електричниот спроводен систем на вашето срце го иницира секој удар и создава сигнали, кои што пак предизвикуваат срцето да се намали. Токму овие сигнали го контролираат срцевиот ритам. Нормалниот ритам на срцето се карактеризира со специфичен проток на електрични сигнали,кои што минуваат низ срцето.
Кога срцевиот ритам не е нормален?
- Проблемите со срцевиот ритам генерално се нарекуваат аритмии и се резултат на проблеми со електричниот срцев систем. Аритмија е секој абнормален ритам на срцето, т.е. секоја промена што не е карактеристична за него.
- Забрзаното отчукување на срцето (кај возрасни - повеќе од 100 отчукувања во минута) се нарекува тахикардија. Забавеното отчукање на срцето (помалку од 60 отчукувања во минута) се нарекува брадикардија.
- Околу 15% од популацијата во Европа страда од аритмии.
- Аритмијата може да влијае на секој, дури и на здравите луѓе, кои немаат никакви проблеми со срцето. Причините се многу и разновидни, некои од нив се: пушење, конзумирање на алкохол, зголемен внес на кофеин и други стимуланси, стрес, заболување на тироидната жлезда, висока температура. Промени во срцевиот ритам се случуваат и за време на вежбање, возбуда и спиење.
- Аритмијата може да предизвика неколку типа на симптоми. Тие се појавуваат, затоа што срцето не чука регуларно или не испумпуваа доволно крв. Можат да бидат:
• палпитации-срцебиење
• напади
• вртоглавица, гадење
• болка во пределот на срцето
• останување без здив
• пребледување - Аритмијата може да биде целосно безопасна или животно загрозувачка. Некои видови на аритмија се појавуваат накратко и не влијаат на срцевиот ритам. Но, ако аритмијата е продолжена, тоа може да предизвика срцето да чука премногу бавно или премногу брзо, или надвор од ритамот, а сето тоа влијае на начинот на кој што срцето испумпува крв во органите.
- Атријална фибрилација е најчестиот вид аритмија и таа не е иста кај сите луѓе кај кои се набљудува. Доколку имате атријална фибрилација, горните комори на срцето чукаат хаотично - тоа се т.н. фибрилации. Интересен факт е што симптомите се движат од благи до тешки, а третманот на лечење може да биде од промени во навиките и начинот на живот до операцијата на срцето.
- Возраста и полот се важни за развој на атријална фибрилација.Кај мажите постои поголем ризик да го развијат, но кај жените, ако се утврди таква состојба, има поголем ризик по здравјето. Постарите луѓе се повеќе изложени на ризик од атријална фибрилација, со 10-15% шанси да страдаат од ова зболување додека не наполнат 80 години.
- Атријална фибрилација го зголемува ризикот од мозочен удар. 15% од сите удари се предизвикани од атријална фибрилација, бидејќи протокот на крв во горните комори на срцето е побавен и тоа доведува до зголемен ризик од формирање на тромб. Овие згрутчувања можат да навлезат во мозокот и да предизвикаат мозочен удар.
- Постојат различни видови третмани и терапии, кои можат да ви помогнат да се справите со аритмија. Тие вклучуваат промени во животниот стил, одредени видови на лекови, операции и поставување на пејсмејкер. Специјалистите ќе одлучат кој метод е соодветен за вас, врз основа на потребите, симптомите, типот на аритмија и што е предизвикувачот на истата.
Клучот за намалување на ризикот од аритмија е да преземете најдобра можна грижа за вашето срце. Ова вклучува не само поздрав начин на живот, туку и грижа за тековните посебни потреби на срцето (доколку има) и избегнување на супстанции и дејства, кои што можат да предизвикат аритмија.
Ризик фактори за појава на аритмија и други проблеми со срцето:
- Коронарна артериска болест - Висок крвен притисок - Дијабетес - Висок холестерол - Дебелина - Алкохол, пушење, лекови - Стрес - Старост - Апнеа за спиење - Семејни проблеми - Срцева слабост - Некои лекови, додатоци и хербални лекови