Зoшто SENDO?
Точноста е најважната работа
Речиси 40 години, нашите инженери во Јапонија ја усовршуваат издржливоста/точноста на апараите за мерење на крвниот притисок SENDO®. Нивната точност се тестира по стотици часови, во согласност со највисоките професионални стандарди. Пред да стигне до корисникот, секој детал од секој уред SENDO® е подложен на строги тестови. Крајниот резултат е исклучителна точност на SENDO.
Ви ја претставуваме HIRA®
Последното подобрување во карактеристиките на SENDO® е иновативна технологија наречена HIRA® - Heartbeat Irregularity Rate Analysis. Оваа функција ги открива и анализира нарушувања на срцевиот ритам (аритмија). Секоја отчитана абнормалност на отчукувањата на срцето се чува во меморијата на апаратот за мерење на крвниот притисок, а откако ќе се меморираат најмалку седум записи, HIRA® го анализира секое последователно мерење, ја класифицира абнормалноста на едно од четирите претходно дефинирани нивоа на ризик и прикажува предупредувачка порака на дисплејот.
Лесно мерење
Не ви се потребни посебни вештини или обука за мерење на крвниот притисок со SENDO®. Користењето на нашите уреди е повеќе од лесно. Сè што треба да сторите е да седнете, да ја ставите манжетна на раката и да го притиснете копчето. По 30 секунди, резултатот од вашето мерење на крвниот притисок, ќе се појави на екранот. Не заборавајте прво да го прочитате упатството.
Ќе ви служи долго време
Апаратите за мерење на крвниот притисок SENDO® се дизајнирани така да ви овозможат точни мерења и во наредните години. Ова е можно благодарение на исклучително високите стандарди за квалитет и сигурност, коишто континуирано се следат по нивното производство.
Долготрајната употреба на апаратите за мерење на крвниот притисок SENDO® е загарантирана со 5-годишна гаранција за дигитални уреди и 2-годишна гаранција за механички уреди.