Нова ера. Иста клиничка прецизност.
Го надградивме пакувањето на апаратите за мерење крвен притисок SENDO со помодерен дизајн, појасна структура и поинтуитивни насоки уште на прв поглед.
Самите уреди остануваат истите прецизни помошници во домот. Она што се менува е начинот на кој Ви помагаме да го направите вистинскиот избор – побрзо, полесно и со поголема сигурност.
Оваа промена оди рака под рака со новата порака на брендот SENDO: Секое срце вреди.
Затоа што зад секое мерење не стои само технологија, туку и грижа за здравјето, спокојството и секојдневниот живот на луѓето кои ги користат нашите уреди.

Зошто го редизајниравме пакувањето?
Кога избирате апарат за мерење крвен притисок, обично барате три работи: прецизност, сигурност и практичност.
Но, понекогаш, важните информации се „скриени“ меѓу еден куп симболи, технички термини или повторувачки елементи. Тоа може да го направи изборот потежок, особено кога споредувате повеќе модели.
Новиот дизајн на SENDO е создаден токму со ова на ум – информациите да бидат појасни и подобро организирани, за уште на прв поглед полесно да се снајдете.
Што ќе забележите веднаш?
Реална слика на производот
На предната страна од кутијата ќе видите реалистична слика од апаратот, токму како што ќе изгледа во вашиот дом. Ова ви помага веднаш да ја разберете неговата форма, големина и дизајн, без да се потпирате на сложени описи.
Ова е особено корисно кога споредувате повеќе модели – со еден поглед можете да видите како изгледа секој апарат и кој најдобро одговара на вашите потреби.

Најважните работи, јасно прикажани
Клучните предности на производот се претставени кратко и јасно. Наместо да читате многу текст, можете брзо да разберете што е најважно – прецизноста, лесното користење и корисните функции што го олеснуваат секојдневното мерење.
Полесна споредба помеѓу моделите
Различните модели во серијата нудат различни функции. Новиот дизајн ги прави овие разлики појасни, за полесно да го пронајдете мониторот што најдобро одговара на вашите потреби.
Брз пристап до упатства и информации
QR-кодот, веб-страницата и видео материјалите се поставени на повидливо место за лесен пристап. Ако претпочитате да гледате кратко видео „како се користи“, сега е оддалечено за само едно скенирање.
Секогаш достапни
Нашите контакт податоци, и на Facebook и преку нашите бесплатни телефонски линии, се исто така повидливи. Така знаете дека секогаш можете да добиете помош и совет кога ви се потребни.
Што останува исто?
Најважно: клиничката точност и сигурност на SENDO остануваат непроменети.
Како да го користите новото пакување при избор?
Кога го разгледувате производот во аптека или онлајн:
- Погледнете го моделот и неговата главна карактеристика на предната страна.
- Видете што го издвојува моделот – неговите функции и погодности.
- Користете го QR-кодот или веб-страницата за упатства и дополнителни информации.

SENDO – Every Heart Matters
Грижата за срцето започнува со мали, но важни навики. Редовното мерење на крвниот притисок е една од нив.
Новиот визуелен идентитет на SENDO е создаден со мисла за луѓето кои секојдневно ги користат нашите апарати за мерење крвен притисок, со цел изборот да биде полесен, а грижата за здравјето посигурна.
Every Heart Maters
Затоа што навистина секое срце вреди.